На левата страна на Вардар, во срцето на некогашното Пајко Маало, зад Националната филхармонија, е пуштен нов парк на површина од околу 11.000 квадратни метри.
Како што соопштија од Град Скопје, средствата за зеленилото, патеките и урбаната опрема се одвоени од редовните програми на Градот и јавните градски претпријатија, а мал дел од нив се донација од општествено одговорни компании. При уредувањето на претходно запуштениот простор се зачувани затекнатите 12 дрвја, а се засадени уште 85 садници се засадени во дрвореди кои се протегаат низ неколку насоки во паркот.