[Галерија] Отворен студентскиот „Етно клуб“ при ПМФ

Со музички концерт и вкусна закуска, денес беше отворен „Етно-клуб“ при Институтот за етнологија и антропологија во рамки на Природно-математичкиот факултет (ПМФ).

Клубот се наоѓа во паркот пред долната зграда на ПМФ, во близина на Ботаничката градина, помеѓу зеленило и верверички, а  замислен е како место за дружба, работилници и предавања.

Етно клубот е реализиран со донации од поединци, како резултат на долгогодишна потреба и желба за ваков простор и од студентите и од вработените.

 

 

За да се постигне одржливост на клубот и докупување на потребна опрема, на отварањето беше организирана донаторска акција, на која беа претставени ракотворби,  достапни со донирање пари во поставени касички.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio MOF (@radiomof)

Студентски „Етно клуб“ – место за дружба, работилници и предавања во паркот пред ПМФ