Единицата за брзи артивистички интервенции поттикната од неодговорното однесување на учесниците во сообраќајот, на неколку крстосници во Скопје постави табли со натпис „Ова не е место за фрлање пикавци и ѓубре од вашите автомобили“ со желба да укаже на недостатокот на свесност и совесност за заедничко живеење и функционирање во еден град и потребата за индивидуална и општествена одговорност.
Оваа акција цели кон подигање на свесноста за здрава животна средина и повисока урбана култура со напомена дека одржувањето на хигиената не е инстант кампања туку долгорочен и одговорен колективен процес.
Акцијата е дел од проектот на Единицата за брзи артивистички акции финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.