Стотици граѓани под мотото „Гласни и горди“ денеска маршираа низ улиците на Скопје на четвртата Парада на гордоста, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
Со музика, знамиња, свирчиња и транспаренти маршот започна од паркот „Жена-борец“ нешто по 19 часот, откако од 17 часот започна собирањето на учесниците.
Парадата потоа продолжи по „Рекорд“, булеварот „Илинденска“ покрај Владата, па заврши кај Стадионот на АРМ. Токму таму е најавена и културно-забавна програма која започна во 20:30 часот, а е најавено да трае до 1 часот по полноќ.
Ова беше четвртата Парада на гордоста која се одржува во Скопје. Првата се одржа во 2019 година, втората пак во 2021, по пауза поради пандемијата со коронавирусот, а парадата се организираше и минатата година.
Мартин Колоски