„Виолончелистот на Фене“ од уличниот уметник Хуго Ломас е избран за најдобар мурал на светот за 2023 година – признание што го доделува „StreetArtCities“.
Годинава наградите беа доделени во три категории: Награда за влијание (Impact Award), Награда за иновативен мурал (Innovation Award) и Најдобар мурал на светот. Победниците беа избрани преку гласање на заедницата на платформата „StreetArtCities“.
Победничкиот мурал во категоријата Најдобар мурал на светот е приказ на виолончелист, дело на уметникот од Мадрид, познат како SFHIR. Уметничкото дело се протега на деветкатница во Шпанија.
Поголемиот дел од победничките мурали годинава се наоѓаат на улиците во Шпанија.
Во продолжение погледнете ги победниците и останатите мурали во другите категории:

„Untitled“, победник во категоријата Награда за влијание / локација: Ондароа, Шпанија / фото и мурал: Sabotaje El Montaje

„Gravity“, победник во категоријата Награда за иноватиен мурал / локација: Вупертал, Германија / фото и мурал: Леон Кир

„Cobertura 2G“, второ место во категоријата Награда за иновативен мурал / локација: Лангрео, Шпанија / фото и мурал: Da2

„Atlas, the woman who carried the world“, второ место во категоријата Награда за влијание / локација: Милано, Италија / фото и мурал: JDL

„The Lady of the Estuary“, второ место во категоријата Најдобар мурал на светот / локација: Нигран, Шпанија / фото и мурал: Lula Goce

„Changing the light bulb“, трето место во категоријата Награда за влијание / локација: Тбилиси, Грузија / фото и мурал: Slim safont, Wedo

„GIANTS : Rising Up“, трето место во категоријата Награда за иновативен мурал / локација: Хонг Конг, Хонг Конг / фото и мурал: JR

„Copora“, трето место во категоријата Најдобар мурал на светот / лоакција: Луго, Шпанија / фото и мурал: Yoe 33