Аероклубот „Скопје“ за Радио МОФ презентира фотографии од нивниот пат со облаците низ цела Македонија. Фотографиите прикажуваат различни котлини, езера, планини и живописни предели од земјава, а портпаролот на аероклубот Јане Стефанов објаснува дека се направени од авион при акцијата за фрлање вакцинални мамки за лисици.
Вакцинацијата е против беснило на лисиците, кои се сметаат за големи преносители на оваа болест, опасна за дивите и домашните животни, но и за луѓето. Воздушната акција е во склоп на кампања на Агенцијата на храна и ветеринарство, спроведуван преку ИПА проект, како дел од поширока регионална иницијатива за искоренување на беснилото во Источна Европа. Низ акцијата предвидено е фрлање на 500.000 мамки за лисици на непристапни предели.
Погледнете ги фотографиите на аероклубот „Скопје“ и #ЗапознајСиЈаЗемјата :