Ликовната колонија „Галерија под отворено небо“ ќе се отвори утре (3 јуни) во Општина Чашка во 18 часот.
Станува збор за изложба на отворен простоср во организација на мултидисциплинарниот уметник Драганчо Таневски, а во која учествуваат и уметниците Ана Трајковска, Сали Ертунч, Ана Спасова, Доротеј Нешовски, Сања Симоска, Бранкица Јордановска, Ѓоше Манчев, Ивана Самандова, Елена Димова Пантелиќ.
Изложбата се реализира со поддршка на „Центарот за современи уметности‟ – Скопје и „Фондација отворено општество Македонија“.