Вкупно 43 локации беа впишани на Листата на светско наследство на УНЕСКО на 45-тата сесија на Комитетот при организацијата на Обединетите Нации, која се одржи изминатата недела во Ријад, Саудиска Арабија.
33 локации се впишани како културно светско наследство а 9 како природно. Дополнително на 5 локации значително им беа променети границите.
Во продолжение погледнете фотографии од некој од највпечатливите нови места кои во иднина ќе го имаат престижниот статус и заштитата која ја обезбедува УНЕСКО:
Еленските камења (Монголија)

Фото: Ts.Turbat
Тумулите на Гаја (Јапонија)

Фото: Seo Heun Kang
Модерен Каунас, Архитектура на оптимизмот, 1919-1939 (Литванија)

Фото: Martynas Plepys
Праисториските локалитети на талаотичка Менорка (Шпанија)

Фото: Xavi Marquès Triay
Археолошко наоѓалиште Кох Кер (Камбоџа)

Фото: National Authority for Preah Vihear (NAPV)
Жатец и пејзажите со полиња со хмељ (Чешка)

Фото: Václav Mach
Викиншки прстенасти тврдини (Данска)

Фото: Morten Rasmussen
Стар Ерихон / Тал ес-Султан (Палестина)

Ministry of Tourism and Antiquities (MoTA)
Локалитетот кај селото Хеналуг (Азербејџан)

Фото: Ministry of Tourism and Antiquities (MoTA)
Музејот и меморијален центар ЕСМА, поранешен центар за притвор, тортура и уништување (Аргентина)

Фото: Albano García / MSME
Светите храмови на Хојсалите (Индија)

Фото: Ar Maniyarasan R
Дрвените хипостилни џамии на средновековна Анадолија (Турција)

Фото: Ahmet Remzi ERDOĞAN
Пештерите на Северните Апенини (Италија)

Фото: Graziano Agolini
Целосната листа на новите локации кои беа впишани на Листата на УНЕСКО може да ја погледнете ТУКА.
Фотографиите се преземени од УНЕСКО и се дел од документите кои државите ги поднесуваат заедно со номинацијата за впишување на Листата на светско наследство.