Стрип постери што произлегоа од Школата за социјално ангажиран стрип беа поставени низ Скопје.
Школата почна во април, под водство на уметниците Ѓорѓе Јовановиќ и Владимир Лукаш, со низа работилници, проекции и предавања од истакнати автори од различни области.
Во фокусот на Школата е социјално ангажираниот стрип. Се изучуваат уметничките практики со кои се промовира стрипот како медиум, кој придонесува кон социјално ангажираните практики и цели кон зајакнување на правата на маргилизираните заедници. Исто така, вклучување на исклучените и осветлување на бројните животни приказни на поединците и заедниците, приказни што не можат често да се видиме во делата на стрип авторите, ликовните уметници или пак во традиционалните медиуми.
Целта е да понуди иновативен пристап кон поимањето и потенцијалот на стрипот како медиум низ кој може да се артикулираат релевантни прашања и проблеми во нашето општество.
Наскоро е планирана и изложба, а дотогаш – погледнете ги овие стрип постери на млади креативци:
Горица Димовска
Теодор Јуруковски
Јасна Николова
Александар Танчовски