Свеченоста на дипломирањето е посебна пригода, која секој дипломец ја памети целиот живот. Музичкиот магазин NME направи избор на фотографии направени во моментот кога универзитети им врачуваат дипломи и почесни признанија на познати музичари:
Универзитетот Принстон му доделил докторат на Bob Dylan во 1970, за неговиот посебен придонес во уметноста. Настанот за малку ќе се претворел во скандал, откако Dylan отпрво одбил да ја носи свечената одора, по што раководството се заканило дека ќе го повлече признанието.
„Музиката има толку многу моќи, во толку многу правци“, им рече Jimmy Page на студентите на бостонскиот колеџ Беркли. На легендарниот гитарист на Led Zeppelin му беше доделен почесен докторат во мај годинава.
Bob Geldof во 2010 доби титула магистер на уметности од Колеџот на креативни уметности во Кентербери, кој се наоѓа во близина на местото каде што е роден познатиот музичар:
Michael Jackson доби титула почесен доктор на универзитетот Фиск во Њујорк во 1988:
И најпознатата жива кантри-пејачка Dolly Parton има почесен докторат, кој и го додели Универзитетот во Тенеси во 2009.
Во 1999, David Bowie ја имаше честа да стане почесен доктор на Беркли. Ноќта пред доделувањето, тој се појавил во холот, каде студентите цела ноќ изведувале песни од неговата богата кариера. Во говорот на доделувањето, тој се потсетил на неговата соработка со John Lennon, опишувајќи го нивниот однос како „Beavis and Butthead“.
Во мај годинава, доктор Puff Daddy (Diddy/P. Diddy) доби титула од Универзитетот Хауард, каде години претходно се обидел да студира музика, но се откажал. На церемонијата, тој се опиша себеси како „магично суштество“ и „еднорог“.
И Kylie Minogue може да се пофали со докторска титула, која и ја додели универзитетот Англиа Раскин во 2011, како признание за нејзините напори за подигнување на свеста за ракот на дојката.
Иако никогаш немал формално образование по средното училиште, фронтменот на Aerosmith, Steven Tyler, доби почесен докторат од Беркли во 2003.
Yoko Ono има вкупно четири почесни докторски титули, а ова е моментот кога и е доделен докторат на универзитетот Прат во мај годинава. „Мојот живот беше уметност, а уметноста е мојот живот“, рече Ono.
Неизбежниот Bono исто така е почесен доктор – титула што му ја додели јапонскиот универзитет Кејо во 2008, како признание за неговиот уметнички ангажман и работата на хуманитарни проекти.