[Галерија] „Пренесете им на луѓето кои ќе ги гледаат сликиве дека патиме од глад“

Конфликтите и климатските промени во многу земји од Африка ги доведоа луѓето до опасен степен на глад и неухранетост. Гардијан објави галерија од фото-репортерот Крис де Боде, кој ги посетил Бурунди, Централноафриканската Република и Нигер за да ги слушне приказните на луѓето како мали интервенции помагаат заедниците да се справат со проблемот.

Даниел Нсабијаремје (28), од Бурунди, има вештини да биде столар, но нема алат. По серија на парични трансфери кои ги потрошил на набавка на чекани, француски клучеви, пила и алат за фина обработка на дрво и успеал да покрене сопствен бизнис. „Ги купував алатките една по една“, вели тој.

„Сега имам начин како да донесам храна на семејната трпеза“, вели Нсабијаремје. „Пред овој проект, јадевме само еднаш дневно и често тоа лоша храна – зелени банани и листови касава. Сега јадеме два пати дневно и има позитивна промена во моето и здравјето на моите деца.

Виолете Кукејенеза (45) во Бурунди, се соочува со секојдневна борба за да го прехрани семејството, задача со која се соочува сама откако била напуштена од нејзиниот сопруг пред пет години. Вршела само повремени работи и зависела од соседите за засолниште на нејзиното семејство кога врне, бидејќи кровот на нејзината куќа пропуштал вода. „Немам многу за да го прехранам семејството, само за да преживееме. Сме поминале многу денови без храна. Доколку добијам шанса да работам, тогаш купувам нешто за храна. Инаку, одиме на спиење гладни.

Дениз Ниамвиза (20) од Бурунди е одговорна за нејзините помлади браќа и сестри откако родителите им починале од маларија пред две години. Била во потрага по повремена работа и некогаш заработувала од продавање авокадо и сончогледово семе кои ги одгледува на мало парче земја. Сега е избрана да учествува во програмата на невладината организација „Concern“, преку која треба да добие обука и вештини со кои одржливо ќе ги задоволува своите секојдневни најосновни потреби за храна. „Животот беше ужасен откако нашите родители починаа. Моите браќа и сестри мораа да го напуштат училиштето за да работат“, вели таа.

Голден Марлену (27), со децата, пред нивниот дом во Централноафриканската Република. Двете најмлади деца – двегодишната Наоми едногодишниот Атанасе – се неухранети. Пред три недели, „Concern“ помогнале да се отвори медицинскиот центар Нданга во близина, за децата да добијат нега. „Знаев дека децата ми се болни, но не знаев дека се неухранети. Многу плачеа и не си играа премногу. Сега трчаат наоколу и си играат со другите деца“, вели таа.

Соланге Ванибило (40) и нејзиното пошироко семејство пред домот во селото Бомандоро во Централноафриканската Република. Нејзиното најмало дете, Артур и нејзиното внуче, Франк, се неухранети. „Немаме доволно храна секојдневно и размислувам за тоа голем дел од времето. Сакам да им кажам на луѓето кои ќе ги гледаат овие мои фотографии дека многу патиме – особено нашите деца“, вели Ванибило.

Рамату Салифу, од Нигер, има деветгодишна ќерка со име Халимату која е регистрирана како умерено неухранета. Тежи само 4,6 килограми. „Загрижена бев кога ми кажаа дека е неухранета, но сега се чувствувам подобро бидејќи ќе добие потребна нега“, вели таа. Чиниите на ѕидовите околу неа се мираз даден од нејзината мајка.

Хаџату Чеиху (57), живее во селото Гао Муса во Нигер. Станала позната како произведувач на масло од кикиритки. Чеиху бил дел од првичната група од 30 жени кои биле обучувани за производство на маслото. Сега се вклучени повеќе од 90 жени во селото. Маслото е толку популарно, што луѓе патуваат со километри од околните мста за да го купат. „Проектот значеше нова активност. Нешто што не сме го правеле, но сега го знаат многу жени. Преку продажба на производот можеме да купиме храна и облека за нашите деца“, вели таа.