Често опишуван како најголемиот филм што никогаш не бил снимен, „Дина“ на Алехандро Јодоровски требаше да стане еден од најголемите филмски подвизи во историјата. Во 15-часовната вселенска епопеја требаше да глумат Орсон Велс како Барон Харконен, Салвадор Дали како императорот, а за придружниот саундтрак беа задолжени „Пинк Флојд“.
Но, проектот остана без финансирање.
„Кристи“ на аукција ја продава приказната за неостварениот филм. Приказната, која Френк Херберт еднаш ја опиша како „голема колку телефонски именик“, е една од 10-те останати примероци и се проценува дека ќе се продава помеѓу 25.000 евра и 35.000 евра.
Делото ќе биде ставено на аукција во Париз на 22 ноември и ќе биде изложено за јавноста во галеријата на Кристи во Париз од 18 ноември.
Погледнете ја приказната со оригинални илустрации од „Moebius“ и Х.Р. Гајгер.
Во 2013 година, излезе документарниот филм „Дина на Јодоровски“, кој го прикажува неуспешниот обид на режисерот да ја претстави вселенската епопеја на Херберт на големото платно.
Иронично, филмот доби одлични критики во Кан во времето на неговото објавување и беше најуспешниот филм поврзан со книгата до денес – односно до објавувањето на „Дина“ на Денис Вилнев минатиот месец.