Пазарот со винил плочи се повеќе расте. Само во Америка, во првата половина на 2015 година се продале девет милиони примероци.
Фотографот Alastair Philip Wiper направи серија фотографии од работилницата на Record Industry во холандскиот град Харлем, на кои е прикажан целиот процес на изработка на винил плочите.
„Сакав да го снимам целиот процес, но посебно сакав да направам неколку фотографии што ќе ве натераат да помислете ‘што се случува овде?’. По блиска анализа е јасно дека настанува нешто многу препознатливо, секојдневно и култно“, вели Wiper.