Повеќе од 200 граѓани, пред се млади луѓе од населбите околу индустрискиот комплекс „Железарница“ денеска излегоа на протест револтирани од загадувањето и издувните гасови кои излегуваат од фабричките оџаци.
Со протестот насловен „Стоп за фабриката Железара“ и блокирање на улицата што води кон индустрискиот комплекс, тие уште еднаш побара да не се пролонгираат роковите за поставување филтри, откако и покрај тоа што рокот за воведување на еколошки стандарди беше 1 април, Владата на загадувачите им дозволи и понатаму да работат.
Граѓаните кои излегоа на протестот велат дека не сакаат фабриките како Макстил да се затворат, но бараат сопствениците да стават филтри, а не како што велат да се богатат преку нивното здравје. Во продолжение и може да ги погледнете фотографиите кои екипата на Радио МОФ ги направи на протестот: