Граѓаните на Карпош 4 излегоа на протестен пикник со кој побараа да се зачуваат дрвјата и зеленилото во нивната општина, како и да се престане со манипулации на надлежните во општината во однос на измените на Деталниот урбанистички план за оваа населба. Тие не им веруваат на дадените ветувања дека нема да се унишува зеленилото, туку бараат да се избришат подземните и надземни паркинзи кои се исцртани во ДУП-от на местото на парковите што ги користат за одмор и рекреација.
На денешниот протестен пикник, во зеленилото спроти Сити мол, каде исто така е предвидена изградба на катна гаража, тие побараа „Карпош да не стане Кисела Вода“ и за запрат изградбите на зелените површини во населбата. Истовремено со ваквите активности тече поптпишувањето на петиција против новиот ДУП.
Погледнете ги пораките и фотографиите од денешниот пикник:
Фотографиите се преземени од ФБ групата „Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош 4“.