Изминатиот викенд, во Аеро Клубот во Штип се случи првата „Drive In“ кино проекција во источниот регион, организирана од страна на тимот на „Wake Up Music festival“.
Со прием на посетители од 19 до 20 часот гостите беа пречекани со DJ сет од DJ Invictoz и Krillin8, а потоа ја следеа проекцијата на филмот „Collide” со Николас Хоулт, Ентони Хопкинс и Фелисити Џонс во главни улоги.
„Со ова, привемено се задоволи 15 годишниот проблем предизвикан од недостатокот на професионална кино сала со редовен репертоар. Посетеноста од 120 коли (околу 300 души) покажа дека Штип има публика за кино проекции и глад за многу повеќе културни настани“, велат организаторите.
Posted by Wake Up Music Festival on Tuesday, 8 September 2020
Радио МОФ летово проследи неколку вакви филмски проекции, во време на пандемија, како што беше киното во Охрид и Велес.
Млади ентузијасти од Велес од неодамна организираат кино проекции на отворено, кои може да се проследат од автомобил. Нивната цел, велат тие, е да го оживеат културниот живот во градот. Радио МОФ ги посети викендов, а во продолжение погледнете дел од атмосферата на Drive In Cinema*Видеото е направено во рамки на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.
Posted by Радио МОФ on Monday, 17 August 2020