Учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј”ja освоија првата награда на танцoвиот натпревар „WDSF World Open Latin & WDSF International Open Standard“ , кој петта година по ред се одржува во Солун.
Tие се натпреваруваа во категорија „show dance“, а настапија со изведба со стилизиран етно мотив, кореографија на Олга Милосавлева, на музика „Јовано Јованке“ од Леб и Сол и освоија прва награда во својата категорија.
На натпреварот учествуваа танчери во индивидуална и групна категорија од над 25 земји во Европа, со судии од Холандија, Швајцарија, Русија, Србија, Македонија, Унгарија, Романија и Грција. Освен стандардни танци, натпреварувачите беа застапени и други категории, како што се: брејк дДенс, модерен балет, ориентал танци и „show dance“.
Натпреварувачите од Македонија беа ученици од ДМБУЦ “Илија Николовски Луј”, од 13 до 15 годишна возраст, во класата на наставник по класичен балет Анастасија Калиманоска,како и ученици од студиото Ритам Плус од Скопје.