Маркетингот претрпе коренити измени во последните педесетина години. И покрај појавата на интернетот и многуте канали по кои може да се стигне до потрошувачите, рекламите денеска се регулирани со строги закони, кои не дозволуваат промоција на одредени производи, како алкохолот или цигарите. Она што денеска е забрането, пред половина век било дозволено – еве избор на рекламни постери од минатото, изведени со стил:
Реклама за колоњската вода Mandom од 70-те, со тогаш големата холивудска ѕвезда Charles Bronson
Реклама за ланецот на бензински пумпи Texaco, завиена во американска пропагандна порака насочена против Јапонците во Втората светска војна
Уште една американска пропагандна порака, инспирирана од Јованка Орлеанка
Реклама за парфемот Chanel од времето на почетоците на нуклеарната енергија, со Albert Einstein во позадината
Порака на реклама за средства за чистење
Реклама – дело на маркетиншката легенда Paul Arden, од времето кога тој работел за Saatchi & Saatchi во Лондон
Кампања против возењето под дејство на алкохол од 40-те години на 20 век
Актерот Vincent Price рекламира Smirnoff, 1955
Оскаровката Bette Davis во реклама за Jim Beam, со цигара во рака