Стотици хипици и алтернативци во текот на 60-те и 70-те години од минатиот век започнаа да одат на Гоа, Индија. Некои на „продолжен“ одмор со пријателите, некои да останат таму да живеат, некои да се журкаат и играат на целовечерните свирки на Анџуна и останатите плажи.
Случувањата на Гоа се дел од хипи-движењата, а поврзани се и со развојот на психоделичната култура, која крајот на 80-те и почетокот на 90-те носи нов бран на електронска и гоа-транс музика.
Но, ова се почетоците на тие движења. Преку оваa ретка галерија, погледнете ги локалните места, пазарите, плажите, свирките, дружбите и животот на хипиците на Гоа во втората половина на 20-от век.