Романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски деновиве е објавен во уште пет земји: во Бразил, Русија, Норвешка, Романија и Литванија. Издавачи на делото се „Бертран-Рекорд“ од Рио де Женеиро, „Центрполиграф“ од Москва, „Гилдендал Норск“ од Осло, „Полиром“ од Букурешт и „Методика“ од Вилнус.
За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ Гоце Смилевски во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската унија, а минатата година Наградата за медитеранска култура. Делото се преведува на преку триесет јазици во светот. Во Соединетите Американски Држави „Сестрата на Зигмунд Фројд“ го објави „Пингвин“ од Њујорк. Романот е објавен и во Франција, Италија, Португалија, Германија, Турција, Холандија, Шпанија, Унгарија, Бугарија, Чешка, Словенија, Хрватска и во други земји во светот.
Ова се новите корици на романот во Бразил, Русија, Норвешка, Романија и Литванија.