Околу 1000 ЛГБТ активисти и поддржувачи прошетаа низ улиците на Белград во „најмирната“ Парада на гордоста во изминатите години. На улиците на главниот град на Србија имаше големо полициско присуство и специјалци со оклопни возила и водени топови. На парадата присуствуваат министри во српската влада, познати политичари, градоначалникот на Белград, странски амбасадори, како и луѓе од културниот живот.
Екстремистички десничарски групи се обидуваа да ја нападнат парадата, но полицијата ги спречи да се доближат до активистите. Имаше неколку помали инциденти и физички судири, а според српското МВР, приведени се околу 50 луѓе.