Музејот на град Скопје вчера одбележа 70 години од постоењето, а јубилејот го симболизираше со издавање на монографијата „70 години Музеј на град Скопје“.
Во неа, на 300 страни и со над 200 фотографии, се претставени сите музејски предмети и уметнички дела од збирките на музејот, а монографијата истовремено ги обединува сите значајни настани и печатени изданија што се резултат на работата на неколку поколенија музејски дејци, пишуваат од Музејот.
Уредници на монографијата „70 години Музеј на Град Скопје“ се Емил Алексиев и Фросина Зафировска, во соработка со Небојша Гелевски и Ема Велковска од студиото за дизајн „Кома“.
Градоначалкот на град Скопје, Петре Шилегов на вчерашната промоција на јубилејната монографија, соопштил дека за реновирање на Музејот се одвоени еден милион евра, а реконтрукцијата ќе започне во текот на наредниот месец.
По повод јубилејот во Музејот на град Скопје беа отворени неколку изложби, а поставките ќе бидат достапни за јавноста до 12 март.
„Реконструкцијата ќе овозможи овој објект да блесне во полн сјај и целото богатство кое го има да биде презентирано на многу поубав начин. Јавноста ќе биде изненадена кога ќе го реотвориме музејот“, истакнал Шилегов.
Во продолжение, погледнете дел од вчерашната ноќ во музејот: