Силниот ветер кој синоќа во Скопје достигна и до 100 километри на час го откорна покривот на Средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, споделувајќи ја фотографијата на Фејсбук, објасни дека кровот бил реновиран во 2009 година, а пред шест месеци била реконструирана фасадата на училиштето.
Силниот ветер направи штета на повеќе локации низ главниот град. Булеварот „Партизански одреди“ синоќа беше блокиран од покрив кој падна од станбена зграда, а на социјалните мрежи се споделуваа и слики од распаднатата фасада на зградата на АД МЕПСО во центарот на Скопје.
Според Управата за хидрометеоролошки работи денес во С. Македонија ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, што ќе предизвика појава на снежни наноси.
*Фотографиите се преземени од Фејсбук профилот на Петре Шилегов.