[Галерија] Скејтерите пробуваа трикови, се натпреваруваа и дружеа за „Go skateboarding day“

Повеќе скејтери со своите скироли вчера беа присутни на почетокот на скопскиот Градски парк, кај споменикот на Гоце Делчев, каде се одржа уште еден „Go skateboarding day“.

Скејтерите скокаа, пробуваа трикови на рампите, се дружеа и натпреваруваа, но истовремено целта беше и да подигнат свест за нивниот општествен статус и проблемите со кои се соочуваат.

Односно, како што најавија, да покажат што е суштината на скејтбордингот, да ја потврдат оваа култура како бунтовнички креативен излив на слободарско живеење.

Настанот беше поддржан од Drop In Skopje, Popcorn Skate Co., XMKD.com и Град Скопје, а вклучуваше натпревар во категории до и над 15 години.

Во продолжение, погледнете фотографии од „Go skateboarding day“:








* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.