Со невообичаена алтернатива на кината во затворен простор во времето на Ковид -19, париските плажи оваа година беа отворени со кино на отворено, поставено на бреговите на реката Сена.
„Париз Плаж“ е годишен настан со кој крајбрежјето на Сена во главниот град на Франција се претвора во плажа за рекреација на парижани. Годинава организаторите „MK2 Cinemas“ се здружија со градот Париз за организирање на овој настан и синоќа присутните можеа да го гледаат бесплатно прикажувањето на француската комедија од 2018 „Le Grand Bain“ од 38 електрични чамци или на столчиња на брегот на реката.
Главниот извршен директор на кината MK2, Елисеа Кармиц, рече дека ова е можност да им се покаже на луѓето дека можат да продолжат да уживаат во кината во Париз – во сите форми.
„По неколкумесечното затворање, мислевме дека ни треба начин да им кажеме на луѓето и да му кажеме на светот дека кината во Париз се отворени и дека Париз е еден од главните метрополи на киното“.
Парижанецот Лук Бувиер пак за Евроњуз изјави дека веќе бил во кино-сала, носејќи маска, но сепак бил загрижен. На киното на отворено, се почувствувал многу побезбедно.