Со повеќеминутен огномет и сценски ласери, 60.000 граѓани ја прославија новата 2020 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Забавата започна со настапи на „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“, а кулминираше со хитовите на балканската музичка ѕвезда, Дино Мерлин.
Плоштадот „Македонија“ изминатиов месец беше центар на новогодишните и Божикните празнувања во Скопје, а граѓаните имаа можност да ја почувствуваат празничната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма. Најголем интерес кај посетителите побуди дигиталната новогодишна елка, како и новогодишните куќички на населбата „Винтерленд“ кои беа сместени на плочникот меѓу ГТЦ и плоштадот. Во близина на куќичките имаше и мала сцена на која секојдневно се организираа настани и концерти наменети за различни возрасти.
Фото: Град Скопје