Оддалеку, оваа формација во шумата изгледа како камара од дрва за огрев.
Но, погледот одблиску открива некакви линии на страните
Купот дрва е всушност камуфлирана дрвена куќичка, а линиите се отвори за нејзините прозорци.
Дизајнерот Piet Hein Eek ја изработи оваа несекојдневна шумска куќичка на барање на холандскиот музичар Hans Liberg (на сликата), кој сакал музичко студио во природа.
Во куќичката има многу природно светло, што заедно со тишината и погледот кон шумата, ја прави совршено креативно музичко катче.