Сиднеј и Дубаи се буквално го запалија небото за време на новогодишната ноќ, Хонг Конг , Рио де Жанеиро, Џакарта… приредија спектакуларен дочек. Светот го прослави доаѓањето на Новата година со многу огномети, пиротехнички средства, алкохол. Жителите од островите Самоа и Кирибати први влегоа во 2014 година, во 11 часот по централно европско време .
Самоа, остров со население од 180 жители пред две години поради економски причини го смени начинот на кој се пресметува времето, па оттогаш натаму во Новата година влегува прва, а не последна. Жителите на Кирибати пак, или попознати како Божиќните Острови, се навикнати први да влезат во Новата година.
2014 година последни ја дочекаа жителите на Американска Самоа, дел еден ден по Самоа, иако островите се раздалечени само 80 километри. Меѓу првите Новата година ја дочека и Сиднеј каде што беа употребени неколку тони пиротехника, а огнометите се создаваа од четири брода закотвени во близина на Сиднејската опера. Во Дубаи пак небото над градот беше осветлен од повеќе од 400.000 огномети, за што организаторите се надеваат дека ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Еве дел од атмосферата низ светот:
Сиднеј
Дубаи
Џакарта
Единбург
Пјонгјанг
Манила
Хонг Конг
Марсеј
Москва