Жителите на Земјата синоќа беа сведоци на метеорскиот дожд Персеиди, традиционален феномен, кој според астрономите, годинава е особено спектакуларен.
Ваква појава не се случило од 2007 година, а синоќа феноменот го достигна врвот осветлувајќи го небото во неколку предели на Земјата. Метеорскиот дожд Персеиди годинава е активен од 13 јули, па се до 26 август. Тој потекнува од опашката на кометата Свифт-Татл, која додека прави круг околу Сончевиот систем, остава зад себе облак од метеориди што продираат во земјината атмосфера со брзина од шеесетина километри во секунда.
Во видеото е прикажан метеорот Персеиди набљудуван од Велика Британија, а подолу погледнете неколку фотографии од метеорскиот дожд низ целиот свет.
Taken at Rosebery Reservoir, Midlothian tonight. @LothianASTRO @VirtualAstro #Perseid #meteor pic.twitter.com/tExsYFEmMN
— Ian (@kn0xvi11ain) August 13, 2015
First capture of a #Perseid tonight! Captured at Allegheny Observatory near Pittsburgh, PA. pic.twitter.com/KdbiZvaPSR
— NASA Marshall News (@NASA_Marshall) August 13, 2015
Извор: Mashable