Што прават скопјани во своето секојдневие низ улиците на градот, е темата на годинешното издание на Статуафест кој се одржува вечерва и утре на улица „Македонија“.
Десетина домашни артисти во улога на живи статуи претставуваат „огледало на самите нас, какви што сме“, велат организаторите.
Иако за момент заврна, минувачите не испуштија можност да се фотографираат со артистите. Во продолжение, Радио МОФ ви прикажува дел од вечерашната атмосфера на петтиот „Статуафест“ во организација на здружението на граѓани ТимТеатросК – Театроск.
Фото: Емилија Петреска/Бојан Шашевски