Радио МОФ по трет пат ги загреа скопјани синоќа во рамките на последното издание на „Бела ноќ“ во Скопје. Иако надвор синоќа температурата се спушти блиску до нулата, студот не им претставуваше непријател на оние што сакаа да слушаат добра музика.
Стејџот беше отворен навреме, во 10 часот кога на Школката во Градски парк настапија Nati Fiyah SS и со своите реге тонови се успешно му се противеа на ладното време.
Подоцна токму разиграноста на нивните звуци почна да ги привлекува помладите генерации кои предходно седеа низ паркот, па сега се упатија за да играат и уживаат на подиумот пред Школка.
Накаде околу полноќ настапи Nerses Malakjan кој повторно успеа да ја „крене“ атмосферата во Парк. Присутните докажаа дека студот нема да влијае на ниту една забава.
Годинешното издание на Белата ноќ и BASS забавата ја заврши Game Over додавајќи хип хоп димензија на целиот перформанс.
Тоа што самиот простор кај Школка го овозможува, а со цел збогатување на забавата да биде уживање за сите сетила, беа визуелизациите од добро познатите Lazy Kidz Visualz. Така посетителите, имаа причина плус да останат на Школка, освен вообичаено добрата музика на стејџот на Радио МОФ.
Во продолжение еве уште неколку фотографии од синоќешниот настан:
Сара Миленковска