Спајдермен, Бетмен и ликови од бајките во придружба на Дедо Мраз вчера ги посетија децата кои се наоѓаат во Клиниката за детски болести во Скопје.
Најмладите имаа прилика да се дружат и да се фотографираат со маскираните суперхерои, кои до нив дојдоа движејќи се по јаже.
Под мотото „Да подариме насмевка” ова е шести пат како се одржува оваа традиционална активност на волонтери од Црвениот крст на Град Скопје, во која учествува тимот за спасување на планина.
Најмладите пациенти покрај дружењето со препознатливите ликови добија и новогодишни пакетчиња.
Фотографии: Црвен крст на Град Скопје