Вчеравечер, домови, бизниси и познати знаменитости во светот ги изгасија светлата за еден час, по повод Часот на планетата Земја. Оваа манифестација првпат почна во Сиднеј, во 2007 година и има за цел да укаже на потребата од акција во врска со климатските промени.
Од грчкиот Партенон, до Ајфеловата кула во Франција, најпознатите градби ги изгасија светлата помеѓу 8:30 и 9:30 часот, по локално време. Часот на планатата Земја сега се одвива во повеќе од 172 земји, а стотици луѓе ги споделуваат прославите со свеќи на социјалните медиуми. Во продолжение, дел од нив.