Еден од најпознатите туристички сајтови Lonely Planet ја направи листата од 50 светски чуда кои би требало да ги посетат сите оние што имаат можност.
Во својата последна публикација Lonely Planet објави фотографии и детални инструкции за секое од 50-те наведени места.
„Целта на оваа книга е да информира, да инспирира и да ги охрабри читателите да патуваат“, пишува во предговорот на изданието.
Во продолжение, погледнете ја галеријата со „чудата“ кои ги издвои Daily Mail:
1. Викториините водопади во Зимбабве
2. Долината Грејт Рифт во Етиопија
3. Џиновскиот насип, Северна Ирска
4. Таџ Махал, Индија
5. Теракотната армија, Кина
6. Кинескиот ѕид, Кина
7. Кратерот „Ngorongoro“, Танзанија
8. Вулканот Kilauea, Хаваи
9. Аја Софија, Турција
10. Палатата Potala, Тибет
Извор: Daily Mail