Хасан Кале, уметник од Турција, ги поместува границите за тоа што може да се постигне со боја, преку сликање на неверојатно мали, но прецизно изработени слики на секојдневни ситни предмети.
Уметничкото платно на Кале е насекаде – лушпа од кикирики, догорено чкорче, бадеми, ориз, пулпа од портокал, грав, а слика дури и на крилјата од инсекти.
Повеќето од неговите слики не може да ги изработи без лупа, што покажува колку трпение и прецизност се потребни за да се насликаат.
Според неговиот Фејсбук профил, најголемиот предизвик кој Кале си го поставил е да наслика силуета на Истанбул на едно влакно.