Училиште со интернат во Париз одлучи пред реновирање, да покани сто графити артисти, претворајќи ги досадните бели ѕидови во неверојатна колекција на уметност и креативност.
Тимот поминал три недели сликајќи ги внатрешните ѕидови на Cité Internationale Universitaire во Париз. Уметниците, кои биле поканети како дел од Rehab 2, фестивал на урбана уметност кој траеше од 16 јуни до 6 јули, имале слобода да ја ослободат својата имагинација, пред просторот да биде отворен за јавноста.
За жал, изложбата ќе трае само краток период, бидејќи уметноста ќе биде избришана поради официјалното реновирање на интернатот. За среќа, фотографи успеале да го документираат проектот за нивните дела да останат засекогаш.