На неодамнешна посета во галерија „Q Bank“ во Квинстанун, Тасманија, уметницата Џенифер Алнут започна проект со кој собраните камења ги бои и ги трансформира во очи, стои во објавата на boredpanda.
Потоа, како што вели таа, камењата-очи ги враќа во околината „за да бидат најдени или загубени засекогаш“.
„Квинстаун има историја на рударство и постојат најразлични камења. Па, започнав да собирам колекција на камења и нешто што на почетокот претставуваше лична активност, наскоро се претвори во лов на богатство – уметнички проект за заедницата“, вели таа.
Во продолжение, погледнете дел од нејзниот уметнички проект: