[Галерија] Уметничките решенија на „Арс акта“ на билборди во Скопје

6DED7A7D77F8FB429D1A09C2D6FE7F77На повеќе билборд локации низ Скопје денеска се поставени осум уметнички решенија во рамки на проектот „Уметност на билборд 2“, а во организација на Институтот за уметност и култура „Арс акта“. Темата годинава е „Прокрастинација“, целта на Институтот  со изборот на оваа тема е да се проникне во суштината на оваа појава, како мошне чест феномен во македонското современо живеење, преку импакт врз актуелната уметничка сцена. За таа цел тие го користат како медиум форматот на билборд плакат.

-Оваа општочовечка особина сепак ја согледуваме како една вткаена и веќе нашироко распространета постапка кај нас во Македонија, па затоа локалната оправданост за изборот на концептот не доведе до разгледување на минатото и креирањето на идентитетот согледани преку себереференцијалноста, нивото на свесност, односот кон перфекционизмот, филозофијата на малите народи и сл. Потоа, како можни причини за појавата на прокрастинација се наметнуваат неминовно и социо-општествените услови во Македонија, фамилијарната меѓузависност, несистематичноста, едукацијата, воспитувањето; политичкото уредување, еднопартискиот ситем, плурализмот, слободата на говор, стигматизацијата, авто-цензурата итн..“ посочуваат од „Арс акта“.

Арс Акта ја предложи начелната идеја, а куратори на концептот се Бојана Јанева-Шемова и Ана Франговска. На овој проект се поканети 9 македонски афирмирани куратори (како ко-куратори на Арс Акта) избрани со цел да дадат индивидуален одговор на предложениот концепт со избор на еден автор со едно дело. Проектот е финансиран и е дел од годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија.1

2

3

4

5

6

7

8

Извор: Cooltura.mk