Алан Диксон од Ирска го заслужи прекарот „Др. Дулитл“ поради неговата способност да ги „наговори“ животните да позираат со него за селфи. Резултатите се прилично неверојатни и делува дека станува пријател со секое животно со кое ќе се сретне, пренесе Buzzfeed.
„Главната цел е да им се даде на знаење дека се безбедни околу мене“, вели Диксон. Тој препорачува да се исклучи блицот и сите звуци од камерата, како и да се направи приближување на дивите животни со камера која е веќе во рацете, за да личи дека е дел од телото.
„Штом сте во нивното присуство одредено време, обично тие ќе дојдат и ќе ве проверат. Постои тенка линија помеѓу љубопитност и преживување“, додава Диксон. Досега тој има направено селфи со 30 видови животни патувајќи низ светот, а неговиот сон е да направи една слика и со лав, иако се плаши дека може да му биде последна.
Извор: Buzzfeed