Додека светот се бори против пандемијата со новиот коронавирус, многу граѓани на креативен начин се обидуваат да го искористат времето во домашна изолација. Голем број музеи и галерии ги поттикнуваат луѓето со средства кои им се наоѓаат во нивниот дом да ги имитираат познатите ументички дела.
Фани Ковач и Хосу Норберт, пар од Унгарија, се одлучиле со она што им е на располагање во домот да ги ископираат сцените од некои од култните филмски остварувања.
Па така, во нивните верзии, светлосната сабја на Лук Скајвокер е заменета со блендер, завоите на раката на Роки Балбоа со кујнска ракавица, а наместо базуката на Шварценегер може да послужи пакет тоалетна хартија.
Во продолжение погледнете дел од нивните креативни и хумористични дела кои ги споделуваат на Фејсбук.