Повеќе од седум години велешани немаат кино сала. Во 2006 година, по проекцијата на последниот филм најавена е кратка пауза за проектирање на филмови, по која следеше судски спор- кому всушност му припаѓа зградата на киното, пишува локалниот младински портал Младиве.мк.
Последните објекти коишто некогаш биле отворен простор за проекција, забава и градење на култура полека но сигурно исчезнуваат, а младите нема каде квалитетно да го поминат слободното време, посочуваат од порталот. Екипата на Младиве.мк направи фото репортажа која ја потврди очајната состојба во која денес се наоѓа велешкото кино.