Улицата Мирослав Крлежа во Центар доби несекојдневна урбана опрема. Дизајнерките Тамара Георгиевска и Марта Наумовска – Грнарова креираа урбано дело, кое предизвика огромен број на прашалници и кај локалните жители и кај случајните минувачи.
Станува збор за инсталацијата „Вертикална градина” чии дизајн и изведба инспириран од потребата за поставување на бариера која од овој запуштен дел од улицата ќе направи пријатно катче за социјализација. Георгиевска и Наумовска-Грнарова покажуваат едно несекојдневно решение за овие простори, тие добро ја имаат анализирано околината и нудат естетика и функционалност кои комуницираат со сите генерации. Инсталацијата „Вертикална градина” е дел од европскиот проект „Акупунктура на градот” кој во Македонија е реализиран од организацијата Јавна Соба во 2012 и 2013 година.
Заслугата за оваа дело се препишува на Завар Дизајн, а проектот е финансиран од страна на Европската унија, Министерството за култура на Македонија, Општина Центар и компанијата Завар Дизајн. Проектот „Вертикална градина” ќе биде претставен пред регионалната публика на архитектонската конференција во Загреб во февруари во 2014 година.
„Реакциите на граѓаните во првите неколку дена беа чудни, но тоа доаѓа од фактот што нивното око не е навикнато на ваков тип на естетика и функционалност во најблиското опкружување. Ова е инсталација која треба да влијае на подигање на свеста кај граѓаните и се надеваме дека ќе успееме во тоа“, посочуваат авторите.
„ Вертикалната градина” е предаденa во владение на Општината Центар која треба да води грижа оваа урбана инсталација и од каде што најавуваат дека слични дела ќе бидат поставени во повеќе делови од општината.