Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, вчера со пригодна музичка програма беше отворена пермакултурната градина „Градидина“.
Градината се наоѓа пред влезот на МКЦ, а целта, како што најавија претходно е таа да биде динамично место кое покрај својата основна функција, односно создавање нов простор во МКЦ во духот на одржливата агрикултура и грижлив однос кон природата, ќе биде и простор за изникнување на различни идеи и проекти врзани со широки grassroots иницијативи.
„Истата има за цел да ги поттикне младите да ја користат својата креативна моќ и потенцијалот на модерната технологија за да проговорат на прашањата кои ја засегаат заедницата. МКЦ во овој проект ја согледува можноста да ги вклучи младите во креирање на содржина која е во склоп на проектните активности и цели, но најмногу во интерес на сегашната итност во креирање на грижлив пристап кон природата“, соопштија претходно од МКЦ.
Фото: Радио МОФ