Воздухот во северниот дел на Кина шести ден е многу загаден, што дури и спомениците носат маски, објавија светските медиуми.
Студент по психологија на Универзитетот во Пекинг и им ставил маски на споменикот на шпанскиот писател Мигел де Сервантес и на коосновач на Комунистичката партија Ли Дажао. Фотографии на споменици со маски во Кина се споделуваа по социлалните мрежи во повеќе наврати.
Пекинг и денеска е во смог и иако надлежните наложија прекин или ограничувањето на производството во 147 фабрики во градот.
Утрово се измерени 444 микрограми на честиците ПМ2.5 на метар кубен, додека според Светската здравствена организација границата е поставена на 25 микрограми кои се сметаат за безопасни за здравјето на луѓето.