Од „Мона Лиза“ на Да Винчи, до „Ѕвездената ноќ“ на Ван Гог, бразилскиот уметник Вик Муниз ги буквално ги покажува невидените страни на ремек-делата стари со векови.
На задната страна на „Мона Лиза“ има порака на која пишува „одовде нагоре“, „Лукреција“ на Рембрант е зашрафена со делови од автомобил, а „Црвеното студио“ на Матис е покриена со мрежа за кокошарник, пренесува Guardian.
Ова се некои од „откритијата“ кои можат да се видат на изложбата во галеријата Мавритшуис во Хаг. Таа од поразлична перспеиктива ги прикажува некои од најпознатите слики на светот. Името на изложбата на Муниз е „Verso“, што значи „позадина“ на португалски.