[Галерија] Занемарена елеганција: напуштени згради во Италија низ фотографии

Фотографката Елеонора Кости од Милан ги помина изминатите три години патувајќи низ Италија за да најде неокупирани згради, истражувајќи стари дворци, вили, хотели и болници, за нејзиниот проект.

„Ја обожавам пропаднатата архитектура“, вели Кости. „Ме потсетува дека ништо не е вечно. Сакав да покажам дека има притаена убавина во овие места кои се невидени од многу луѓе“.

Во пресрет на земјотресите во Италија, фотографиите на Кости се еден вид на апел за поголема грижа за нив.

„Неверојатно е тоа што не можеме да ги спасиме овие згради. Некои од нив сега се во заборав, целосно уништени. Постојат правила во мојата работа. Не земам и не допирам ништо. Сакам да ги зачувам овие места бидејќи тие се многу убави“.

Во продолжение, погледнете дел од нејзините фотографии: