Со поставување транспаренти пред Владата, но и делење заштитни маски за оние што дојдоа, започна граѓанскиот протест против енормно загадениот воздух во земјава.
Присутните им упатија свирежи на оние кои седат во владината зграда. Блокирана е улицата пред Влада
„Ни го земате здивот“, „Воздух сега“, „Вие и вашите деца дишете друг воздух?“, се дел од пораките кои ги упатуваат присутните кон институциите.
Улицата пред Влада е блокирана, а полицијата е распоредена покрај тазе направената ограда на објектот.
„Протестираме против загадувањето на воздухот! Протестираме за надлежните да преземат итни мерки со кои ќе се заштити нашето здравје!“, порачуваат од иницијативата „Излези за воздух!“, поддржана од дваесетина здруженија и граѓански движења.