Со настапот на Hardwell, еден од најпопуларните диџеи, концертот на Orthodox Celts на фјужн сцената, како и со настапот на Нина Кравиц на денс арената, заврши овогодишниот Егзит фестивал, кој со над 215.000 посетители е најпосетуван досега. Секоја од петте вечери изобилуваше со популарни светски, регионални и домашни ѕвезди.
Оваа година за првпат се реализираше концептот „нулти ден“ со настапот на групата The Killers. Поради големата посетеност, организаторите најавуваат дека наместо четири, Егзит во иднина редовно ќе трае пет дена.
Последната вечер ја одбележа настапот на Rag`n`Bone Man, како и Роизин Марфи, која потсети на својот прв настап на фестивалот, тогаш како дел од групата „Молоко“ во 2003 година.
На домашната сцена, пак, се претставија „Škrtice”, а по нив и Масимо Савиќ.
По Егзит, следува четвртвото издание на Сиденс во Будва од 13-15 јули.
Фото: Егзит фестивал