Кристијан Рихтер наоѓа мотивација за фотографирање во напуштените згради низ Европа, бидејќи го потсеќаат на непостојаноста и минливоста на нештата.
„Кога бев млад, се вљубив во напуштените згради. Откако добив камера како подарок, почнав да ја фотографирам убавината во нив. Најчесто фотографирам празни згради со големи скалила и ентериер“, вели фотографот Кристијан Рихтер.
Тој вели дека ја сака старата, разурната архитектура и нејзините шаблони и текстури, бидејќи го потсеќа дека сé е непостојано и ништо не е вечно. Фотографирањето на напуштена архитектура е негов проект кој започнал пред неколку години и сé уште трае. Додава и дека често патува до Европа во потрага по напуштени згради.
Извор: Bored Panda