[Галерија] Саудиска Арабија гради кула висока еден километар

Облакодерот висок еден километар, кој се гради во Саудиска Арабија, треба да биде готов во 2019 година, со што ќе стане највисоката кула во светот. Кулата Jeddah ќе ја има и највисоката платформа за набљудување. Таа е дело на познатата компанија SWA Architects, која исто така стои и зад изградбата на највисоката зграда во моментов, Burj Khalifa во Дубаи.

Jeddah, според најавите, ќе содржи голема мрежа од ресторани, хотелски соби , апартмани , паркови и шипонг центар. Таа е замислена како цел град сместен во високиот облакодер.

Една од клучните карактеристики на кулата е нејзината платформа за набљудување, која ќе се наоѓа на 157 кат на зградата или  55 ката повисоко од платформата на Кулата на слободата во Њујорк.

11

Кулата во Саудиска Арабија ќе чини околу 2,2 милијарди долари или за 700 милиони долари повеќе отколку што чинеше изградбата на Burj Khalifa во Дубаи.

Кога веќе ќе биде завршена, таа ќе се приклучи на групата облакодери кои се повисоки од 300 метри. Во 1960 година, имаше само две вакви згради. До 2010 година бројката порасна до 50, додека до крајот на минатата година на 100 згради.